Голема донација од Република Турција за децата од Општина Студеничани

14619957_1127526680633743_278718066_n

Вчера, на ден 06.10.2016 година ( четврток) во просториите на ОУ,,МУСТАФА КЕМАЛ АТАТУРК,, Долно Количани – Скопје, од страна на директорот на училиштето м-р Сабри Имер беа доделени зимски обувки за учениците од Централното и подрачните училишта во Вртекица , Горно Количани , Црвена Вода .

Оваа донација , со вредност од над 10 000 евра , е обезбедена од Република Турција за учениците од овие населени места .

Голема заслуга и допринос донацијата,  има и здружението YENI YILDIZ TURK DERNEGi со претседателот Аднан Узеир.

На свеченоста присувствуваа градоначалникот на Општина Студеничани  г. Азем Садики и еснафот од Каршијака.