Кој ќе ја плати сметката? – Искреноста во настапите на Џабир Дерала

10474503_266988283493182_1801751247227078950_n-2

фотографија  Цивил – Центар за слобода

Џабир Дерала(Xhabir Deralla) е роден во 1967 година во Тетово. Студирал Историја на филозофијата на Скопскиот Универзитет. Од 1988 до 2000 година бил новинар и уредник. Работел во Млад борец, Пулс, Студентски Збор (1988-1993). Бил програмски директор на Студентското Радио во периодот од 1994 до 1995 година.Во граѓанското општество е активен од 1990 година. Бил продуцент на “Мулти-култура фестивал ’96”.Бил домаќин и / или уредник на радио програми во Канал 4 (1991-1992), Канал 103 (1996), Лајф Радио (2006). ТВ А1: автор на книгата “Герила” (уметнички авангарден, 92). Работел како независен новинар со голем број печатени и електронски медиуми во земјата и во странство. Издавач и уредник во началникот на Зрак, периодични, ко-издавач на Јета, политички магазин. Работел во Форум, политички магазин (1997-2000). Во последно време (2011) тој е политички аналитичар, активист за човекови права и експерт за контрола на оружјето. Лидер е и еден од основачите на ЦИВИЛ – Центар за слобода од 1999 година. Тој бил продуцент на мултимедијални проекти, документарни филмови, фестивали. Живее и работи во Скопје.

Зошто тимот на будност.мк и Јустиција реши да одвои простор и време, во својот волонтерски ангажман за ликот и делото на  Џабир Дерала?

Она кое го читате горе е официјалната биографија на Дерала, од која можете доста , но не и доволно да прочитате .

Мотивацијата, за еден ваков текст, будност.мк ја пронајде во она кое можете да го прочитате во меѓуредовите, од хартиите, проектите, неговите книги, поезијата, интернет просторот , јавните настапи , а не само од неговата официјална биографија.

Заради искреноста во настапите, скромноста и вистинските добри намери и човечки вредности кои ги поседува како личност и предводник  на екипа на млади луѓе и ентузијасти на Цивил Центар за слобода.

Заради неговото мото дека еден човек прво треба да формира свој став, а потоа да побара став или совет од друга личност.Заради секојдневните заложби за иднината на Македонија и неисцрпната енергија во тој правец.

Искреноста која се чита од неговото лице и реч е хумана вредност која ретко може да се сретне денес.

Им посакуваме на Џабир и на Цивил успех на сите полиња на кои дејствуваат и работат, во име на Слободата и Песната чиј наслов сите го знаат.

Подолу стиховите на Џабир Дерала од истоимената збирка поезија (2015):

КОЈ ЌЕ ЈА ПЛАТИ СМЕТКАТА

Ја гледам мајката како тивко плаче
наведната над своето гладно дете
Гледам, уште една млада жена се крши
додека го пали црвениот фенер
Аргатот се враќа дома со празни раце
Гледам болка, тага и сведнати глави

Гледам позлатени маски
Скапо платени лаги
чувани со камшик исплетен од крв
и скршени сништа

Кој ќе ја плати сметката?
Кој?
Кој ќе плати за твојата глупост
и ароганција?
За бедното гомно на твојата личност
кој ќе плати?
Кој ќе плати за твојот тажен обид
да бидеш како Путин?

Еден ден, сметката ќе стаса…
Ох, да, сметката ќе стаса!
Кој ќе плати тогаш
кога времето за плаќање
ќе затропа на твојата врата?
Кој ќе плати за твоите лаги?

Кој ќе ја плати цената на твоето владеење
масовниот грабеж
насилството и фашизмот?
Кој ќе го плати билетот
за оваа ирационална претстава потпишана од тебе?

Постои ли ценовник за загубите?
Трудната жена што го загуби своето дете в затвор…
Кој ќе ги изброи децата
кои растат во кафезот што ти го направи?
Дали знаеш колку мажи и жени
ќе се чувствуваат мизерно ова утро?
Кој ќе плати за понижувањата?

Кој ќе плати
за здравјето и животите изгубени
на градилиштата на
твоите мегаломанијачки проекти?
Навистина, кажи ми, кој?
Кој?
Кој ќе плати за кичестиот тоалет
кој ти и лижачите на твоите чизми
го нарекувате Триумфална Порта?
Кој ќе плати
за твоето незнаење и суетата
што луѓето ги чини достоинство и живот?

Но, сметката ќе стаса еден ден
Кој ќе плати тогаш?
Кој?

Дали некогаш мислеше на цената?
Те гледам на екраните секој ден
Гледам, веруваш дека ќе се извлечеш
со своите грозни дела
Изгледаш како да имаш план
во твојата глупава глава
И – изгледа имаш
доволно пиони да го спроведат тој план
Изгледаш доста подготовен
да направиш многу мајки да плачат
Само да го спасиш својот газ

Ги гледам твоите мињони
орди од безглави и
без’рбетни креатури
Ги гледам твоите стражари
безочни крвопијци
како чекорат во тишина
и шират страв

Но, сето тоа мора да заврши
Дивеењето ќе заврши
И сметката ќе стаса
Кој ќе плати тогаш?
Кој?
Кој?
Кој?

Џабир Дерала