“И јас трчам за Ведран”, Розева трка 2016 – Pink Run 2016 во Крива Паланка

14102265_1755371044751741_2567966660277152296_n

14054909_10154583443201042_5765881206187561132_n

 

Во недела , на ден 18.09.2016 година, ќе се оддржи Розева трка 2016 – Pink Run 2016 во Крива Паланка , под слоганот “И јас трчам за Ведран”.

Настанот  оваа година e во спомен за луѓето што ги изгубивме… Марјан Носталгија, Билјана Џидрова Пакиќ, но и инспирација и поддршка за ХЕРОЈОТ Ведран Велиновски детенцето што ги изгуби братчето и мајката во поплавите – Дојдете – Вклучете се – Поддржете !!! – велат организаторите.

Она кое ќе се случува е :

– 10км трка
– 3км одење и трчање како и
– 500м мини трка за дечињата

РЕГИСТРАЦИЈА на #DiBiaggioNY fan page

СОДРЖИНА НА #PinkRun2016


– 10.00 часот- Почеток. Собирање на плоштадот пред Општината во Крива Паланка. Dj сет со водителката Тина Таутович.
– 10.30 часот- Мини трка (500m) за дечиња од 6 до 12 години (бесплатно учество, само со претходна регистрација со име и презиме на штандот поставен на плоштадот).
– 10.45 часот- Аеробик загревање со Тања Блажевска.
– 11.00- Почеток на трката на 3кm( котизација- 100 МКД) и трката на 10km ( котизација 250 МКД).
– 12.30 часот- пристигнување на велосипедистите Macedonian Bike Riders кои ќе возат рута 100+100 километри, Скопје > К.Паланка > Скопје.
– 13.00 часот- Прогласување на победниците на 10км, доделување на медаљи и извлекување на лотарија.
– 13.30 часот- Зумба журка.
– 14.00 часот- Затворање на настанот.

п.с Организацијата за патувањето до Крива Паланка е од страна на самите учесници. За подетални информации слободно контактирајте  во инбокс на FB фан страната на #DiBiaggioNY

https://web.facebook.com/dibiaggiony/