Книжевна вечер на авторот Ирена Павлова де Одорико

1381865_1416493002009800_6945839337738469800_n

14183844_1695173074141790_7620895996396879917_n

Понеделник, 05.09.2016 година,  во 21 ч. во “Децата од нашата улица” ќе се одржи презентација на сите творештва на авторката Ирена Павлова де Одорико.

Таа за своите дела вели дека претставуваат колаж од повеќето нејзини поеми кои го објаснуваат женскиот принцип ,се однесуваат на обидот на жените да излезат од рамките на куќното огниште и да се влезе во сферите на женскиот номадизам, виртуелен и конкретен преку примерите во нејзините книги особено преку најновите две ” Пенелопа.нет” и најновата книга во печат “Пенелопа во Венеција” .

За време на настанот авторката ќе ги потпишува своите дела.