Цивил – Центар за слобода и Караванот на слободата со голем мултимедијален хепенинг во Куманово во петок на 2 септември!

14192738_1814244248790922_3717998081033475993_n

превземено од

https://www.facebook.com/messages/new

http://freedom.mk/2016/08/karavanot-na-slobodata-nedelava-vo-kumanovsko/

Денес, на 1 септември 2016, Караванот на слободата ќе допатува во Куманово, Липково, Кратово и Крива Паланка.

Во 12 часот на плоштадот во Куманово, тимот на организаторот ЦИВИЛ ќе одржи прес-конференција, на која ќе ја презентира програмата на големиот мултимедијален настан во Куманово и на претстојните активности на Караванот во овој регион во текот на денот.

Караванот потоа ќе продолжи кон соседните општини Липково, Старо Нагоричане, Ранковце, Кратово и Крива Паланка, каде активистите на ЦИВИЛ ќе разговараат со граѓаните и ќе ги презентираат целите и програмата на Караванот.


Подоцна во текот на денот и вечерта во Крива Паланка ќе се одржат музички и поетски настани, почнувајќи од 18 часот.

На 2- ри Септември , на големата сцена на Градскиот плоштад, кумановчани ќе можат да уживаат во звуците на музиката на слободата отсвирена од Пеце „Суперхикс“, „Бла Бла Бла…“, Тони Зен и Шутка Рома рап.
Покрај многу музика, настанот ќе биде збогатен со „Стихови на слободата“, ликовна работилница и изложба со заеднички наслов „Слобода во боја, дебата и видео проекции.
Настанот почнува од 18:30 часот, со дебата на тема „Македонија: со или без слобода“.
Стихови на слободата ќе читаат поетите Елена Пренџова, Бјондина Шерифи, Марија Јовановска, Арсим Јонузи и Митко Гогов.
Уметничката работилница ќе ја предводи академскиот сликар Мирослав Стојановиќ и уметниците Магдалена Саздовска, Валентина Илијевска и Дали Алили.