“Најдобро“ од ЕМА

14111978_10210465065970953_575331134_n

14172063_10210465066770973_1284392861_n

ЕМА е ново и надежно име на нашата музичка сцена.

Нејзиниот најнов сингл носи наслов “Најдобро“ и е љубовна поп балада спакувана во рок/аренби аранжман. Изведувач: ЕМА(https://www.fb.com/ema.com.mk) Тема: НАЈДОБРО Музика: Даниел Данн Текст: Ксенија Николова Аражман: Даниел Данн, Иле Спасев

ПРОМОТИВНОТО ВИДЕО МОЖЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ И СПОДЕЛИТЕ ПРЕКУ СЛЕДНИОВ ЛИНК: https://www.youtube.com/watch?v=0l285MYy_Vc

ЗА ИЗВЕДУВАЧОТ: Таа е дипломиран стручен забен техничар, но музиката е таа што ја прави најсреќна и најпозитивна. За себе вели дека отсекогаш сакала музиката да ѝ биде професија и започнала активно да се занимава со пеење уште од многу мала, првенствено како дел од детскиот хор на „Супер Ѕвезда“. Следат голем број на аудиции и реални шоуа како „Макѕвезди“, „М2-Потрага по ѕвезди“, „Јас имам талент“ во Белград, како и првите фестивалски настапи на „Фешта“и „Радискиот фестивал“ во Охрид 2008 година.

- „Изминативе години да се биде дел од македонската естрада не беше воопшто лесно, особено за некој кој е сеуште на почетокот на градење на својата кариера. Слободно можам да кажам и неисплатливо, но љубовта кон музиката е таа која ме мотивира да се изборам за свое место под сонцето. Долго време посакував нова песна и мислам дека го направив вистинскиот избор. Верувам дека имам одлична балада која се надевам ќе ѝ се допадне на публиката и ќе биде слушана на радиостаниците. Благодарна сум им на моите соработници и ветувам дека ова е само еден нов почеток во мојата кариера.“ изјави ЕМА.

ЗА ПЕСНАТА: “Најдобро“ е љубовна поп балада спакувана во рок/аренби аранжман. Изведувач: ЕМА(https://www.fb.com/ema.com.mk) Тема: НАЈДОБРО Музика: Даниел Данн Текст: Ксенија Николова Аражман: Даниел Данн, Иле Спасев

А ВАШИОТ МЕДИУМ МОЖЕ ДА ГО ПРЕВЗЕМЕ НИВНИОТ СИНГЛ ЗА ЕМИТУВАЊЕ НА СЛЕДНИОТ ЛИНК: https://we.tl/rQAkAKJRpH

Тимот на Јустиција и будност.мк ја преслуша темата “Најдобро“ , ни се допадна и решивме да ја споделиме со Вас новоста.

Им посакуваме многу успех на ЕМА, Даниел Данн , Ксенија и Иле.

 

Контакт со ЕМА (Емилија Мициќ) https://www.fb.com/emilija.micic.9 emilija.micik@gmail.com +389 78 38 22 95