Караванот на слободата со голем мултимедијален хепенинг во Тетово!

14045880_1810907372457943_2413997607023469772_n

превземено од

https://www.facebook.com/events/1479747315384785/


На големата сцена на Градскиот плоштад, тетовчани на 26.08.2016 година, уживаа во звуците на музиката на слободата отсвирена од Мухамед Ибраими, Пеце Суперхикс, Бени и Нон Стоп и домаќините Капурдат.


Покрај многу музика, настанот беше збогатен со „Стихови на слободата“, ликовна работилница и изложба со заеднички наслов „Слобода во боја, дебата и видео проекции.


Настанот започна од 18:30 часот во просториите на невладината организација Лоја, со дебата на тема „Македонија: со или без слобода“ на која учествуваа новинарката Кристина Озимец, активистот Артан Садику, и музичарот Петар Младеновски.


Стихови на слободата  читаа поетите Маријана Гугоски, Гент Мемети и Садије Алити.


Уметничката работилница ја предводеше академскиот сликар Мирослав Стојановиќ и уметниците Славчо Максимовски и Јакуп Амети.

Бидете слободни и повелете на добра забава на сите настани на Караванот на слбоодата и Цивил – Центар за слобода!