Караванот на слободата во Кавадарци

13912646_1808319846050029_5835706640506992281_n

превземено од https://www.facebook.com/events/289015991474833/

(повеќе на civil.org.mk)

Караванот на слободата на Цивил Центар за слобода, проект на УСАИД, со голем мултимедијален хепенинг, ќе биде во Кавадарци на 19 август (петок).


Бендовите Бени и Нон Стоп, Шутка Рома Рап, ПМГ Колектив и Смоук Шејкерс ќе настапат на големата сцена на Градскиот плоштад, со почеток во 20 часот.


На сцената ќе настапат и Марин Бабиќ, Милан Секулоски, Оливера Доцевска, Цветанка Колева и Биљана Јордановска со поетски перформанси.


Со почеток во 18:30 часот, на самиот плоштад, ќе се одржи и дебатата „Македонија, со или без слобода“ на која ќе учествуваат адвокатот Жарко Стеваноски, режисерката и активистка Ирена Стеријовска, Душко Груевски од здружението на граѓани „За нас се работи“ и претставникот на граѓанското општество Ненад Јовановиќ. Дебатата ќе ја модерира Марија Теговска, политиколог и истражувач од ЦИВИЛ.


Активистите на ЦИВИЛ ќе постават инфо-штандови уште во попладневните часови, а CIVIL Art Freedom Crew ќе емитува музика и аудио пораки.