Фрањо Франчич – Истра -Словенија – Македонија е убава , и посакувам љубов и мир.

CIMG4152_800x600

Franjo2

” Биди со луѓето таков, каков што би сакал тие да бидат со тебе” – Фрањо Франчич

Фрањо Франчич (1958, Љубљана) е поет, раскажувач, писател за деца и драмски писател.

Во последните неколку години преведува преку 50 автори и преку 300 песни на поети и писатели од Балканот.

Velika antologija – Videla sem pesem ( Mariborska literarna družba 2013 )
Antologija novejse makedonske poezije : Otroci sonca ( Vinset grafika Skopje – 2014 ),
Torej gremo mi na kavo , M. Jaksić,Vlajić,V. Blagojević, S.Petrović ,”Ko me pokličeš iz večnosti” – Radovan Vlahović .( Mala antologija novejše srbske poezije), “Hiša iz kart” Olga L.Krowicka, “Sončnica” Olivera Docevska, “Pripoveduje se mi “( српски кратки приказни, БКЦ Ново Милошево, 2014 ), Домовина, бледа мати ( Интелекта, Ваљево, 2012 ),  Балкански књижевни гласник 2008, (World media art 2013),  ОНО ( Kulturni centar Požarevac 2014 )

Фрањо Франчич дел од својата младост ќе проведе во поправен завод каде изучува за галванизер. Подоцна студира и завршува факултет за социјални работници во Љубљана. Од почетокот на осумдесетите живее во Истра. Автор е на повеќе од 50 -ет дела – романи, збирки на куси прикзани, поетски збирки, драмски текстви и радио драми, какко и книги за деца и млади, пишува и сатира, сценарио, радиофонски игри…

Дебитира 1984 година, со книгата Его трип, а 1986 година го објавува својот прв роман – Татковината бледа мајка. Како ќе наведе еден словенски критичар -др.  Дениз Пониж, уште првите книги на Франчич отвораат и допираат забранети теми кои ќе ја вознемират словенечката книжевна јавност .franjo francic

Како да се состави биографијата на писател, чии книги се огледало на бурната биографија?Каде да се почне и заврши?Избор на дела:

Ne, kratke priče, 1986; Jeb, roman, 1988; Milostni strel – Orgija, kratka proza, 1989; Klovnova obzorja, pesme, 1990; Sovraštvo, roman, 1993; Začasno osvobojeno ozemlje, pesme, 1992; Bele smrti, kratka proza, 1994; Male vojne, kratka proza, 1994; Poševni stolp v Pisi, kratka proza, 1995; Škorpionova balada, roman, 1995; Otroštvo, kratka proza, 1996; Dobro jutro Charles Bukowski!, zbirka erotskih priča; Janočka, pesme, 2000; knjiga za decu Hvalnica sončnicam, 2002;  Ljubezni in sovraštva, 2002; Za vse boš plačal, humoreske, 2006; Barufa in kažin, humoreske, 2005; Trkaj, trkaj na nebeška vrata, izabrana proza, 2006; Za vse boš plačal, Ne spominjam se, kratka proza, 2006; Ledeni ogenj resničnosti, roman, 2006.Kje se ksrijejo metulji pred dežje 2009, Hipo 2010, Neko naplamsko jutro, ko kri zalije sanje, pesmi 2009…Gde se skrivaju leptiri od kiše,( 2011 ) Razvrat samoće, ( 2010 )Voleo bih da zaustavim vreme и други.

Преведен е на 10 страни  јазици, посебно на германски, во преводи на околу 30 -тина негови дела.

 Неговата прва награда е наградата Златна птица за романот Татковината бледа мајка – 1986 година, потоа следат наградата за поезија на списанието  Mladika, 1989 година,  повеќе награди во Австрија, како Schwanenstadt 2009, 2011, 2012, Radio Trieste – A, преку  30 награди на конкурсите во Италија, Австрија , Србија…

ИНТЕРВЈУ – ФРАЊО ФРАНЧИЌ – ИСТРА – СЛОВЕНИЈА

Будност.мк нема да Ви го поставува вечното прашање – кога почнавте да пишувате.Тоа секако ќе го опишеме во воведот на интревјуто. Вашата биографија и библиографија, е силно романтична и драматична.

Во една од Вашите книги пишувате дека со книгите пораснавте?

Фрањо Франчич:

Тешко е да се одговори на ова прашање бидејки и самиот не знам кога се започна. Можеби од мигот , кога почнав да бегам од стварноста во некој друг свет, каде нема толку зло, омраза и болка. А книгите се како дишење, не се само бегство, но и лек, книгите не се само пријателки, туку нешто кое останува во нас, во нашите чувства, мисли.

Така, не знам точно кога почнав да пишувам, можеби од мигот кога во мене се роди желбата приказната да ја излеам на хартија, можеби да ја пронајде уште некој.Можеби тогаш кога , бев дете, живеев на работ, во воспитно поправната институција.

Што значат за Вас книгите? Воопшто, и она кое вие го пишувате?

Фрањо Франчич: Мислам дека веќе одговорив. Да се живее со книгите, за книгите, тоа е начин на живот. Воопшто не замислувам како и дали би можел да живеам без книгите.

Сметате ли дека треба да се добиваат награди и признанија за да се стане голем писател , или тоа зависи од читателите?

Фрањо Франчич: Не знам што е тоа голем писател, затоа што дури и оние кои се најчитани, во многу случаи и не се големи.

Мислам дека, најмногу што може литературата, е,  да има допир на мислење, свет кој не може да се промени!

За наградите  , состојбата е таква што во Словенија, па ми се чини и во Македонија, треба човекот да е вешт и да има маркетинг, промоции, прави врски и линии. Добро е да се добие понекоја награда, но тоа не е она кое е приоритетно во уметноста. Тоа е се краткотрајно, со куси ракави.

Вистинската награда во литературата и во книжевноста , па  и во уметноста  е во тоа да остави трага, која ќе го победи времето и ќе остане.

Бевте признати ширум просторот на поранешна Југославија или СФРЈ. Меѓутоа  по 1991 година и распадот на СФРЈ , приказната се промени. Неколку Ваши книги можат да се најдат во Универзитетската библиотека во Македонија, кои датираат се до 1989 година? Имате ли некој со кој соработувавте од Македонија во тој период  и кој би Ви било драго да го видите?

Фрањо Франчич: Преводите дојдоа доста подоцна, најмногу сум преведуван во Австрија ( Erwin Koestler, ) во Полска ( Olga Krowicka ), па и во Србија, во Македонија единствената соработка беше со Вас.Сите книги до 1989 година , во Универзитетската библиотека на Македонија, се на словенечки јазик.

Имате ли свои омилени книжевници?

Имам свои имилени книжевници, како да не, тешко можат да се набројат сите :

 Bulgakov, Mišima, Stainbec, Bukowski, Celine…од словенечките  Dane Zajc, Gregor Strniša, Ivan Cankar…

Што почнавте прво да пишувате и кој е Вашиот омилен жанр?

Фрањо Франчич: Започнав со приказни, кратка проза, првата книга е печатена 1984 година со наслов  – Ego trip.

Следуваше на шест јазици преведениот краток роман Domovina, bleda mati – Татковината бледа мајка.

Работев многу и за деца, за радио, за театар, за ревии.  Само од пишување тешко се живее, ако не си политичар.Кај нас просечните писатели живеат како цареви, цицаат пари од државата преку субвенции, стипендии, награди и тие најмногу критизираат, најмалку работат, а најдобро се платени. Така, тие кои знаат за маркетинг, политика , тие барем додека се живи, кај нас добро живеат од културата.

Живеете во Истра, прекрасно магично поднебје. Сигурно силно го сакате тој крај и црпите инспирација од земјата?

hqdefault

Фрањо Франчич: Се селев во младоста преку 30 пати, потоа Љубљана , преку 20 години Пиран, тогаш веќе ги имав маслинките и фармата. Без морето, без земјата , тешко ми е да го замислам денот. Приказаните, прозата , поезијата мои врзани  за Истра, дојдоа подоцна, но секако има влијание, живеам и дишам со Истра.

Во последните неколку години, преведовте нова поезија на Србија, Македонија ? Дали Ви е драго што повторно ги воспоставувате контактите со другите делови на Балканот?

Фрањо Франчич: Да. Сите преводи ги работев бесплатно, поради идеализам и поради тоа што ја сакам поезијата. Проза преведов многу малку, најмногу некои чудни судбини и познанства.

Да, шест книги се некој мост помеѓу луѓето кои некогаш живееја заедно.Тој мост е срушен и врски има многу малку, а јас, секој пат, со задоволство патувам на југ.

Преведов преку 50 поети, преку 300 песни, во две Антологии и четири други книги.

Тоа е мој мал допринос , но би превел многу повеќе ако поголеми издавачки куќи би биле заинтересирани.Ја молев и словенечката амбасада во Скопје, за помош,  но ништо од тоа…

Познат писател сте, за Вас има преку 27.000 резултати на интернет, дури и во Полска и во Австрија? Еднаш со допис се обративме до Министерот за култура кој ми рече цитирам- Немојте Вие мене да ми кажувате кој е Франчич…тој е познат писател овде…

Фрањо Франчич: Да, вистина е. Често сум гост во Беч, Салзбург, сето тоа е многу поинаку организирано отколку на Балканот. Но затоа морам да бидам благодарен на преведувачите кои веќе ги спомнав. Убаво е да се патува, да се запознаваат луѓето, да се дружите со оние кои материјалното не им значи премногу, кои ја сакаат книжевноста и шират љубов кон неа, па со тоа и живот.

Која е Вашата длабока желба? Некој успех кој сакате , а не сте го постгнале до сега?

Фрањо Франчич: Мојата желба би била, бирократите кои ми го уништуваат животот во последните две години да ме остават на мира, да можам да живеам достоинствено , барем малку и во мир, да и помагам на ќерка ми Наташа која студира новинарство. За се останато, времето нека пресуди.

Во што најмногу уживате, освен во пишувањето? Што имате како свое хоби и слободно време, само за себе?

Фрањо Франчич: Работам на мојата фарма, уживам во работа со земјата, садам домати, пиперки, сите зеленчуци, имам дрвја со маслинки, собирам убави печурки, аспарагус, шетам секој ден во шумата, можеби некој ден и ќе останам таму…:)

Кое е Вашето животно мото?

Тешко е да набројам само едно. Можеби: биди со луѓето таков, каков што би сакал тие да бидат со тебе.

Што би порачале на читателите на будност.мк?

Убава е Македонија, и посакувам љубов и мир. Се сеќавам на една песна на рок групата  Time, од дамнешните времиња:

…kad si sam, kad je sve tužno, ti se seti nje, Makedonija ti pruža ljubav i sve…