Полит- анализа? за поединците кои владеат…

Prisoned_Man1

10616215_10204809865434890_7650890271328672574_n

Оливера Доцевска

Колку и да се трудиш да не се вовлекуваш , некогаш не можеш да премолчиш. Како ни да стоиш настрана.

Имено самата состојба на хибернација, иритира, кога секој збор го мериш, дали да го напишеш, тука нема слобода.

Кога новинарите кои биле приврзаници на владеечката опција се жалат на целосна пропаганда и немоќ во сопственото изразување, кога се шепка по дома, кога постојано гледаш исти лица, како безмалку кажуваат нелогичности, нема слобода.

Кога еден обичен став кој ќе го напишеш, се прогласува за херојство, а потоа личноста која тоа го изразила, не комуницира со тебе, од страв, дали има место да зборуваме за слобода и демократија?

Што да мислам, што ме чека после секој збор што ќе го напишам?Тоа е мизерабле.Но не за државата. За поединците кои владеат.

Но ова неслобода, ова шепотење, не го одразува членството на ВМРО ДПМНЕ. Заради неколкумина, не може да се валка целата политичка опцијаи едно свето име за македонската историја. Затоа ќе говорам – ЗА ПОЕДИНЦИ.

Јавната дебата, и искажувањето на мислењето, сепак би требало, да е корисна работа. Сепак и во такви услови, ќе дебатирам.

Слушајќи го вечерва на вестите на МРТВ за која да работи  плаќам  јавна давачка и ми ја блокираат сметката, па потоа банките ми наплаќаат по 1400 денари за одблокирање,  полит – аналитичарот Александар Пандев, и неговата колешка Ачковска, За Пандев не ми е познато, Ачкоска е историчар, тргнувајќи од самото име на опцијата која ја креираат -

не можам да не реагирам како правник, кој е да речеме во политката внатре или надвор, од 18 години.

Воопшто не е нарушен кредибилитетот на државата, но кредибилитетот , и легитимитетот на поединци кои ја водат и ја претставуваат државата како власт.

Дури и самата ВМРО ДПМНЕ внатрепартиски треба да ја преиспита структурата која ги раководи.И легитимитетот за она кое поединци го сториле.Самиот јавен глас,гласина е опомена. А нивните гласови се слушнаа насекаде низ етерот. Ако не реагираат, сите  се – соучесници и соизвршители.Сите се молат – само нека се тргнат.Еднаш засекогаш.Штетата е безмерна.

Апсолутна нон сенс е поимот на Државата да го поврзуваш со група на луѓе кои би требало правилно да владеат законито, уставно и праведно, за што се легитимирани од народот, а не да набавуваат гумени куршуми и електрични палки против него .

Нема срам кога не прогласуваат слепи  и глуви – демек она кое го гледаме и слушаме – не го слушаме и не го гледаме, воопшто не е така.Лично , не припаѓам на ниту една опција од двете кои сега се судруваат на македонското политичко тло.

Но знам што значи нарушување целосно на основните човекови права и слободи.Тоа се случува во Македонија. И заатоа ќе ја подржам опцијата која тоа го знае.Заблудените од моќ., власт и пари сигурно не.

Колку да знаете, ако не сте информирани, треба да се направат реклами за следното:

Премиер во превод од латински значи Прв слуга. Министер – слуга на народот.
Поединци, министри, што во превод значи слуги на народот, не се ДРЖАВАТА. Не се суверенитетот.Тоа е лекција која ја учат сега во четврто одделение.Сим ми тоа го знае дека:
Суверенитетот призлегува и му припаѓа на народот.
Премиерот и министрите се само слуги на народот. Дали е тоа во овој случај или е обратно?

НИЕ, не сме поданици во феуда, ние сме граѓани кои бараме одговорна власт , од они ена кои сме им ја довериле.Ако не се добри, ако сториле криминал, ако не се чувствуваме безбедни,

бараме, ДА СИ ОДАТ – ВЕДНАШ.
Добра ноќ.