Публиката кога оди на театар треба да знае каде оди – Kнига за театарската реалност

11133673_10207117896252287_1264080247542070862_n

Каролина Михајловска

11133673_10207117896252287_1264080247542070862_n

Театролошката студија „Двонасочна релација, театар-публика“ на драматургот и магистер по културологија во книжевноста, трајче Кацаров, е книга која раскажува за есенцијалната уметност, уметноста која го храни духот, за еквивалентот помеѓу театарот и публиката, ставајќи акцент на публиката која има еминентно значење во создавањето и реализирањето на театарскиот израз.

Можеби затоа ова дело е предодредено да биде безвременско.

Како драмскиот автор, есеист, поет и раскажувач, блискоста и посветеноста на театарот ви ја овозможи сестраноста во сите нејзини домени, но и потребата за суштински да се допре до временскиот реализам на театарската уметност.

Можеме ли да ја дефинираме состојбата во театарот, која како таква бара акцентирано внимание?

- Во последно време многу актуелно е окупирањето. Мислам дека сè тргна од окупирањето на Wall street. Многу сензационално прозвучи таквата акција и просто стана праксис за целиот либерален свет. Така и кај нас сега е актуелно окупирањето на Универзитетите. „Окупаторите“ лош е терминот но, ако работиш во рудник тогаш си рудар, во војската тогаш војник, така и овде ако нешто окупираш тогаш си окупатор. Така нашите окупатори се служат со истите средства со кои се служат оние на прочуената Њујоршка улица: Носат со себе покривки, шатори, пеат, рецитираат и екскламативно извикуваат сентенци со кои ја откриваат својата позиција и намери….

Текстот можете целосно да го прочитате на:

http://coj.ugd.edu.mk/images/studentsko_eho/pdf/eho_br11.pdf