АНШАНТЕ -ЗАДОВОЛСТВО Е ДА СЕ ЗАПОЗНАЕ – МИРОСЛАВ МАСИН

path_899

mkd-41700

“Сонувајте, што повеќе , сонувајте” …Мирослав Масин

Мирослав Масин е роден во 1963 година. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во 1988 година и е член на Македонското здружение на ликовни уметници (ДЛУМ). Во перидот од 2000 и 2001 година  е Претседател на Здружението ДЛУМ. Остварува студиски престој во Велика Британија, Франција и Чешка.Има реализирано преку 40 самостојни и околу 200 групни изложби во Македонија, Југославија,Австрија, Данска, Франција, Бугарија, Турција, Италија, Чешка и Америка.

Еден е од најпознатите современи македонски уметници, човекот кој помина во 1996 година десетина дена со мајмуните во зоолошката градина,човек кој вознемирува и воодушевува во исто време.

Неговата најнова изложба ” ENCHANTE” , која претставува на некој начин, сублимат, на севкупното творештво од 23 години,беше отворена во Скопје од 15 октомври до 15 ноември 2014, пред само неколку месеци, во Галеријата на Младинскиот културен центар.

Вашите почетоци во уметноста се од 1995 година. Дипломирате 1998 година.Кога би направиле ретроспектива на својот живот и творештво, дали истиот пат би го поминале.?

Задоволен сум доста со самиот себеси и она што сум го направил засега за 52 години. Кога би се преиспитал, околу филозофското прашање дали би го повторил својот животен пат, веројатно би избрал да бидам музичар и би свирел виолончело…

Сега, е веќе доцна за учење на било што друго, мојот век ќе остане одбележан со сликарството и ликовната уметност.Знам да свирам гитара, имам издадено книга, збирка  поезија, издадена на мои 30 години,  се вика “Не си маж ако не забремениш”.

Прикажан е дуализмот меѓу двојноста на личноста во мажите, гледано машкото битие од двете страни, емоционалната и природната , нагонска.

Многу ретко, уметничките слики се одраз на љубовта, вљубеноста или не е така?Во поезијата тоа може дури да се почувствува, безвременоста на љубовта?

Не би зборувал самиот околу ова проблематика. За овој аспект на моето творештво Елизабета Шелева има напишано неколку текстови, во кои се видливи и љубовта и еротиката.

Еден мој драг , сега покоен колега, кој ме вовлече во  сликарството,  Миловиќ Анѓелко ќе речеше, дека на сликата не може само мирис да се почувствува, дури дека кај Челебоновиќ кој ја направил Ѓубриште,  можеби малку ја почувствувал и миризбата на Љубовта, ѓубрето и Сонцето. Се чувствува љубовта, особено кај колешките од спротивниот пол, кои  се поемотивни во спецификата на изразот.

Кога создавам слики, не давам име на секоја слика посебно, но ги именувам во циклуси, oставам она кое го правам сам, публиката , ценетиот публикум, како би рекол Кили, да го почувствува и и даде име.

Некој гледа риба, некој срца,  некој љубов, повеќедимензионална е таа перцепција , и секој ја гледа на свој начин, и различно го толкува едното дело. Дури има такви асоцијации, кои  воопшто не ми биле на ум , па и мене ми отвораат нови хоризонти.

Во еден од Вашите текстови , на веб страницата, masin.com.mk, ќе речете – “Подобро е да се биде  на гранка, отколку да заглавиш во лифт”?

Тоа е мој слоган и на монографијата која ја издадов,насловот на монографијата од пред нова година, паралелно со изложбата.

Книгата содржи слики од мигот кога за прв пат ја земав четката во раката до денес. Ферид Мухиќ, Елизабета Шелева,  имаат напишано  теоретски осврт на книгата, но исто така има и намерни дела на литературата, како песни од мои драги пријатели . ..

Мојата порака е и останува дека ако луѓето настанале од мајмуни, од заедничкиот предок, потребно е повторно да станеме “мајмуни”, но во наводници, односно да се вратиме кон својата суштествена природа, не толку комплицирани, упростени и да го истераме овој век што поедноставно, без војни, без машинеријата на лифтот кој оди горе – долу и некаде на средината се заглавува.

Кога воопшто, би се споредиле со некого, со кого би? Во смелоста и оригиналноста на изразот?

Творејќи низ годините,,минувате пат, во кој се менувате и Вие и Вашето творештво. Кога ќе ги погледнете моiте дела од почетокот и оние сега, можеби на прв поглед нема да приметите никаква сличност. Но секогаш е тука една линија која поврзува која е присутна секогаш да потврди дека тоа сум јас.За себе би рекол дека сум кампањски уметник, секогаш кога пред мене ќе се постави изложба, инспирацијата доаѓа сама по  себе. Она што го гледам во себе, во мислите,  тоа и го пренесувам на сликата.Тоа е тоа.

Кoј е Вашиот омилен уметник, што би кажале на пример за Климт, Модилијани, Ван Гог?Кој е уметникот на кој би му симнале капа?

Во секоја прилика кога ми се поставува ова прашање, одговарам и го давам истиот одговор, тоа е дефинитивно и од прва Рембрант. Неповторлив и единствен. Тие движења на четката, боите…Од уметниците во Македонија не би сакал никого да издвојувам зошто секој од оние кои ми се мене блиски и познати, се оригинални на свој начин и извонредни уметници.

Што мислите за филмот како седма уметност , кој жанр вие го сакате , или музиката?

Најмногу историските, веројатно оние каде принцот ја спасува принцезата:), тие битки низ вековите, сето она кое претставува романтика и средновековност. Можеби Тројцата мускетари:)

Чудно Ви е презимето…?Карактеристично и необично, привлекува кон Вас како личност ,  подлабоко да Ве запознае човек?

Името , презимето, доаѓа од  баба Маса која ја сметале за  почитувана жена, жена која лекувала , многу одамна во Охридско. Кога минувале низ чаршијата,  нејзините потомци, знаеле да речат луѓето,  ене ги Масини. Оттука останало.

Која е Вашата девиза на живеење и што би порачале на читателите на будност.мк?

Она што е слоганот на мојата монографија  – Подобро е да се биде на гранка, отколку заглавен во лифт.

За читателите на будност.мк – Сонувајте, што повеќе , сонувајте…

о.д.

М