за нас

За будноста

Под наездата на ветрот, дождовите и грмотевиците се раѓаат првите цутови, убавината на природата и животот.

Како први цутови, полека тивко, се вовлекуваат во нас, чувствително и нежно, идеите и визиите, за она што треба да биде Утре.

Секој ден e нова мисија, пат за промена, во кој ќе тргнеме од себе, од сите убавини и љубовта која го мотивира светот, за разлика од деструктивноста на суровоста која не опкружува.

Дајте да не сонуваме будни, да се разбудиме ,  Сонот да стане Реалност.

 Оливера Доцевска 

 

КОГА БУДНА СОНАМ

Без будноста ништо немам.

Ме нема само кога потонувам во сон,
иако, некаде на границата ,помеѓу ремот и будноста,
сеуште ги гледам сенките на лицето, во спокој.

Сонот е сон, таму никој нема, освен кошмари
стиснати во калап на непрогон.

Во сонот ништо нема, најсреќна сум
кога будна сонам, и во тој сон те земам.

Во светлоста на моето око
го гледам отсјајот на окото твој.

Од темнината светлоста се раѓа
телото на две се дели,

без светлоста, без будноста,

сон ли,
живот ли, пустина ли, ништо немам.

 

         Сите права се заштитени. Член 16 Устав на РМ.Здружение за заштита на човекови права и слободи Јустиција, Македонија

         Содржината на натписите и ставовите содржани на сајтот се на лична одговорност, и во ниту еден случај не можат да бидат одраз на ставовите и погледите на Здружението Јустиција.

budnost.mk e проект на Јустиција, волонтерски проект,  уредуван од :

Оливера Доцевска

Виолета Петровска Периќ

Александар Мурговиќ

техника Зоран Славковиќ

Leave a Reply